Дали вака ќе изгледа новиот Audi A8? Првите рендери најавуваат големи промени

На интернет се појавија нови рендери кои наводно го прикажуваат изгледот на следната генерација на Audi A8, главната луксузна лимузина на брендот од Инголштат. Иако Audi сè уште нема официјални информации, првите визуализации сугерираат дека моделот ќе добие целосно нов правец во дизајнот.

Според објавените материјали, потенцијалниот A8 би требало да добие многу поизразен преден дел, значително потесни LED светла и редизајнирана маска која ја следи насоката поставена од најновите електрични модели на Audi. Задниот дел, пак, би можел да биде со елегантна светлосна лента и поаеродинамична форма.

Овие промени се вклопуваат во гласините дека Audi го подготвува A8 за сериозна трансформација, која може да вклучи и премин кон електрична платформа. Дел од извештаите дури тврдат дека наследникот би можел да биде A8 e-tron, поставен на новата PPE платформа развиена со Porsche.

Иако нема потврда од компанијата, експертите сметаат дека Audi мора драстично да го модернизира својот знаменосец за да остане конкурентен во премиум сегментот, каде што Mercedes S-Class и BMW 7 Series веќе имаат напредни електрифицирани изведби.

До официјалната премиера останува неизвесност, но доколку новиот A8 навистина личи на рендерите, Audi подготвува една од најсмелите редизајни во својата историја.

 

НАЈНОВИ