Ford го намалува производството на електричниот модел F-150 Lightning

Американскиот производител на автомобили Ford Motor Company објави дека ќе го намали производството на својот најпродаван електричен пикап камионет во САД, F-150 Lightning, со цел да постигне оптимален баланс на производството, растот на продажбата и профитабилноста…

Компанијата соопшти дека очекува глобалната продажба на електрични возила (EV) да продолжи да расте оваа година, но помалку од претходно очекуваното, додавајќи дека планира да лансира нова генерација на автомобили, јавува Anadolu Agency.

„Ние ја користиме нашата производствена флексибилност за да им понудиме на клиентите поголем избор додека го балансираме нашиот раст и профитабилност“, рече претседателот и извршен директор на Ford, Џим Фарли (Jim Farley).

Ford беше втората најпродавана марка на електрични возила минатата година, со продажбата на F-150 Lightning порасна за 55 отсто во 2023 година, се вели во соопштението.

Компанијата, исто така, соопшти дека ќе отвори речиси 900 нови работни места и ќе додаде трета смена во фабриката во Мичиген за да го зголеми производството на теренците Bronco и Bronco Raptor и целосно новите пикап камионeти Ranger и Ranger Raptor.

 





НАЈНОВИ