Dacia значително ги намали цените на електричниот Spring

Под притисок на конкуренцијата, стравот од европските санкции и губењето на еколошкиот бонус, откако електричниот Spring се произведува во Кина, Dacia веќе значително ги намали цените на овој модел на одредени пазари во Европа.

На некои маркети цените се намалени за над 7.000 евра. Французите први се заканија со укинување на субвенциите за сите неевропски електрични автомобили увезени на нивниот пазар.

И покрај фактот дека Dacia Spring е дел од портфолиото на Renault, овој модел се произведува во Кина, а исто така е на списокот за еколошки бонуси во прашање. Бидејќи веќе не ги исполнува условите за еколошки бонус од 15 декември 2023 година, Daciа Spring сè уште не го кажала својот последен збор.

Dacia одлучи да ја намали цената на Spring иако без државната помош, за ова мини електрично возило да остане конкурентно наспроти конкуренцијата.  Затоа на одредени европски пазари се расчистуваат магацините, а цените се значително намалени.

Единствениот електричен модел на романската марка моментално се врати на ценовното ниво кое беше актуелно пред поскапувањето.

Имено, Spring in Essential 45 верзијата во Романија падна од 21.000 на 14.295 евра, додека поопремената и посилна верзија на Spring Extreme 65 наместо 23.150, во продажба чини 15.945 евра.

Слично е и на германскиот пазар, каде што владата наеднаш ги откажа субвенциите пред предвиденото. По новиот попуст влезниот модел Spring Essential 45 Electric наместо 22.750 евра чини 14.623 евра.

Во Франција моменталната цена е 18.400 евра, што без разлика на губењето на бонусот од 4.000 евра, овој модел е поевтин за 2.400 евра. Иако Citroen сè уште не започнал со продажба на e-C3, романскиот Spring е веќе на нивото на цената на својата најголема најавена закана.

Ова важи и за верзијата Extreme, опремена со електромотор од 65 КС, кој според циклусот WLTP има домет од 220 километри. Цената на верзијата Extreme сега започнува од 19.900 евра, наспроти 22.300 евра од лани, кога со применетиот бонус од 5.000 евра, Spring доаѓаше во гаражата на својот сопственик за 17.300 евра.

Цените на Spring се очекува да паднат во текот на остатокот од 2024 година, особено откако износите дадени од владата преку бонус програмата се пониски од претходно. Воедно, на крајот на февруари на саемот во Женева, Dacia ќе ја претстави редизајнираната верзија на Spring, која со поефективен изглед и ниски цени ќе се обиде да го задржи статусот на најприфатлив електричен автомобил на pa пазарите ширум Европа.





НАЈНОВИ