Porsche 911 добива нов атмосферски боксер мотор

Ќе биде достапен и во верзија со twin турбо изведба…

Porsche 911 се подготвува за редовно рестајлирање, кое ќе се прави во текот на оваа година. Позната внатрешно како „992.2“, ажурираната варијанта на иконскиот модел од Цуфенхаузен се вели дека добива ново „срце“. Car and Driver во најновиот извештај тврди дека се работи за 3,6-литарски боксер со шест цилиндри, кој ќе биде достапен во атмосферски и твин-турбо конфигурации.

Овој мотор нема да биде додаток на постоечката понуда, туку ќе ги замени постоечките агрегати. Наводно, GTS ќе усвои атмосферска верзија поврзана со благ хибриден систем. Ова ќе претставува радикална промена, бидејќи сегашниот 911 GTS користи 3.0-литарски твин-турбо мотор. Додека работниот волумен на единицата во GTS може да се зголеми од 3,0 на 3,6 литри, може да се намали од 3,8 на 3,6 литри во моделот Turbo.

Помоќните варијанти ќе го задржат твин-турбо поставувањето, кое моментално испорачува 580 КС и 750 Nm кај Turbo, или 650 КС и 800 Nm кај Turbo S моделот. Од друга страна, GT3 го задржува 4.0-литарскиот мотор со мало зголемување на моќноста.

Car and Driver велат дека претходно потврдениот електрифициран 911 нема да биде plug-in хибрид, така што сопствениците нема да треба да ја полнат неговата батерија. Ќе биде поддржан од SUS мотор и регенеративен систем за сопирање. Се очекува електромоторот од околу деведесет коњски сили, сместен под резервоарот за гориво, да добива енергија од мала батерија од 2 kWh, која служи за придвижување на предните тркала.

Оваа хибридна поставка, која ќе ја оптоварува вкупната тежина на возилото со само дваесет дополнителни килограми, ќе се базира на 3,0-литарски твин-турбо боксер мотор, кој испорачува непотврдени 400 КС и 470 Nm.  Co помош на електричниот мотор, вкупната излезна моќност треба да биде 485 коњи и 645 Nm.

Помоќниот 911 хибрид наводно добива 535 КС, додека пердувестиот во форма на GT2 RS би можел да примени и хибриден погон со околу 800 КС. Секако, бидејќи се работи за гласини, сето тоа треба да се земе со резерва. Она што е сигурно е дека 911 наскоро ќе стане хибрид, додека чисто електричен модел нема да стапи на сцена во текот на оваа деценија.

 





НАЈНОВИ