Dahler BMW M8 Cabrio

Swiss Dahler Competition го истакнува своето модифицирано BMW M8 Cabrio во својата најнова понуда…

Оваа понуда вклучува спортски пружини (автомобилот е понизок за 20 мм), комплет алуминиумски тркала со големини од 21 или од 22 инчи, потоа, аеро боди кит (преден спојлер, странични прегради, заден дифузер), како и модифициран спортски издувен систем со четири издувни цевки со димензии во пречник од 100 mm.

Прерботката исто така има и пакети за зајакнување на 4,4 литарскиот V8 TwinTurbo мотор.

Покрај тоа, можно е да се добие верзија и со засилена моќност на 700 КС и 870 Nm максимален вртежен момент или со моќност од 740 КС и 880 Nm вртежен момент.

Конечно, понудата е заокружена со опции за внатрешни украси (кожа, алкантара, патосници….).

 





НАЈНОВИ