Германскиот Heico Sportiv ја прошири својата палета на производи за електричниот Volvo EX30…
Пред се, во понудата е aero body kit (преден спојлер, комплет прагови, заден дифузер), како и комплет нови пружини, па автомобилот е понизок од стандарсната изведба за 30 mm.
На клиентите им се нудат и два комплети тркала, и двата со гоемини од 21 инчи.
Првиот сет на тркала се вика Heico Volution X, а вториот сет на тркала е наречен Heico Volution V.
Конечно, има разделувачи од 10 или 15 mm.
Heico Sportiv наведува дека сите делови ќе бидат достапни од јуни оваа 2024 година.