Дакар 2024 – Шестата етапа во траење од 48 часа

Во 16:00 ѕвонеше за возачите да го завршат денешниот ден, па кој до каде стигнал таму и застанува…

Ново за Дакар 2024 е 48 Chrono, шеста етапа која трае 48 часа, за време на која возачите не можат да добијат помош од нивните сервисни тимови, туку можат да работат само на своите возила.

Шестата етапа започнува и завршува во Шубајтах, долга е вкупно 835 километри, од кои 626 се специјални тестови. Откако во 16 часот по локално време се огласи сигналот за крај на денешниот дел од 6-та етапа, натпреварувачите се упатија кон еден од седумте кампови кои се распоредени по патеката, каде што натпреварувачите ќе преноќат.

 

Одличен старт на шестата етапа имаа возачите на тимот на Audi, кои беа најдалеку и стигнаа до точките на минување. Карлос Саинц (Carlos Sainz) е во водство, а зад него е Матијас Екстром (Mattias Ekstrom) со заостанување од 4′:30“, додека трет најбрз и најефикасен на шестата етапа е Себастиен Леб (Sebastien Loeb), со заостанување од 5′:19“.  Денеска технички проблеми имаше Стефан Петерхансел (Stephane Peterhansel), кој добар дел од времето стоеше покрај своето Audi RS Q e-tron, но сепак го предводеше Дакар 2024. Имено, му пукнала гумата, откажал хидрауличниот систем за подигање на возилото и возилото нема механички кран. Покрај тоа, дефектот на хидрауликата предизвика дефект на серво воланот.

Возачот на Overdrive Team, Јазид Ал Рахи (Yazeed Al Rahi), влезе на сцената како лидер, но ќе излезе од неа со уништени соништа за победа на Дакар 2024. Неговата Тоyotа Hilux се преврте и го оштети возилото. Доколку успее да го направи возилото соодветно според безбедносните прописи, ќе може да продолжи, а ако не, Дакар 2024 е завршен за него.

Имено, правилата велат дека анти-ролерот (anti rollbar( не смее да се деформира, за да се одобри стартот.

Во конкуренција на мотоциклисти, првиот дел од маратонската етапа заврши во 16:00 часот. Лусијано (Luciano ) и Кевин Бенавидес (Kevin Benavides), Начо Корнехо (Nacho Cornejo), Адриен Ван Беверен (Adrien Van Beveren), Тоби Прајс (Тoby Price), Џоан Бареда (Joan Barreda), Рос Бранч (Ross Branch), Рики Брабек (Ricky Brabec), Стефан Свитко (Štefan Svitko), Даниел Сандерс (Daniel Sanders), Антонио Мајо (Antonio Maio)и Мартин Мичек (Martin Michek) стигнаа до точката Е и можат да го бараат најблискиот бивак до кој се приближуваат контролен пункт Е на 513 километри од самиот почеток.

Еден од фаворитите, Пабло Кинтанила (Pablo Quintanilla), остана без гориво на патеката, 10 километри пред бензинската станица, изгуби повеќе од еден час и сите надежи за добар пласман на Дакар 2024.

Адријан ван Беверен на Honda води во првата половина од петтата етапа, пред Рики Брабек кој исто така на Honda заостанува 1′:21, додека Тоби Прајс на КТМ е трет со заостаток од нешто помалку од две минути.





НАЈНОВИ