Дали ја знаете функцијата на овој знак во Германија?

Ако патувате во Германија со роднини или пријатели, или деловните интереси ве носат таму, голема е веројатноста дека ќе наидете на ваков знак на столб од улична светилка…

Lanternenring, или црвена лента со бела граница залепена околу светилник, е еден од најстарите сообраќајни знаци во Германија – тој е споменат во Правилникот за патен сообраќај (StVO) од 1937 година и важи и денес.

Се поставува на висина од 150 до 180 см. Тој покажува на уличните светилки во населбите кои не горат цела ноќ.

Белите букви во дебела црвена лента може да се користат за да се покаже кога светилката е исклучена, ја пренесуваат информацијата специјализираните портали.

Што значи ова за возачите?

Ако го паркирате вашето возило на неосветлено место, а вашето возило исто така не свети (што е нормално, кој ќе ги држи светлата запалени цела ноќ), можете да очекувате да покриете барем дел од трошоците во случај на несреќа, односно, ако, на пример, возачот кој го удри вашето паркирано возило нема да биде 100 проценти одговорен за несреќата. На такви места мора да биде осветлена само страната на автомобилот свртена кон патот…

Овој знак го има и во сообраќајните прописи во Австрија.

 





НАЈНОВИ