Директорот на Bosch верува дека возилата со термичките мотори ќе бидат со нас уште долго

До 2060 година светот нема да може без бензински мотори, односно мотори со внатрешно согорување, вели извршниот директор на Bosch, Стефан Хартунг…

Затоа, автомобилската индустрија мора да продолжи да ги произведува овие возила, дури и ако продажбата во Европа најверојатно ќе заврши порано.

И покрај големата офанзива на електричните автомобили, добавувачот на делови во автомобилската индустрија Bosch смета дека производителите имаат обврска да понудат мотори со внатрешно согорување, пренедсуваат специјализираните портали

– Треба да продолжиме да обезбедуваме технологија за мотори со внатрешно согорување во Германија – изјави извршниот директор на Bosch, Стефан Хартунг (Stefan Hartubg) за The Pioneer.

Хартунг, исто така, даде конкретна временска рамка за преминот кон електрична мобилност:

– Ни требаат 35 години за да ги електрифицираме сите автомобили ширум светот. Не можеме да ги принудиме клиентите надвор од Европа да не користат возила со мотори на внатрешно согорување. Во некои случаи воопшто нема алтернативни решенија – објасни Хартунг.

Моторите со внатрешно согорување ќе продолжат да бидат на патиштата во наредните децении, предвидува директорот на Bosch. Од 2035 година, на пазарите на Европската унија ќе може да се продаваат само нови возила кои повеќе не испуштаат CO2. Оваа одлука ќе биде разгледана од целата ЕУ во 2026 година.





НАЈНОВИ