Директорот на Stellantis: Големите попусти ја уништија профитабилноста на производителот на автомобили

Побарувачката за електрични автомобили слабее на клучните пазари, при што некои производители нудат попусти и пониски цени…

Неопходно е да се ослободиме од залихите и да се подигнат бројките за продажба, но поради тоа многу производители влегуваат во ризик.

Шефот на Stellantis (Peugeot, Fiat, Opel…) и еден од најдобрите менаџери во автомобилската индустрија, Карлос Тавареш (Carlos Tavares), ова го гледа како опасен развој на настаните.

– Ако ги намалите цените без да ги земете предвид реалните трошоци, ќе има крвопролевање – сликовито изјави за Financial Times извршниот директор Карлос Таварес.

Неговата компанија е една од најпрофитабилните во индустријата. Други производители на автомобили би можеле да влезат во неволја, што ги прави можна цел за преземање, пренесуваат специјализираните портали.

– Познавам компанија која брутално ги намали цените и чија профитабилност брутално пропадна – рече тој без да навлегува во детали. Набљудувачите на индустријата го гледаат ова како алузија на Теslа.

Автомобилската индустрија влегува во нај предизвикувачка фаза со електричните возила.

Имено, по години на стабилен раст, бројките во Европа не се толку оптимистички.

Германскиот пазар ќе биде особено предизвикувачки.

Имено, локалната самоуправа одлучи да ги укине субвенциите за набавка на електрични возила.





НАЈНОВИ