Полицијата фати возач кој со години избегнувал да плати патарина…
Возачот користел уред за прикривање на регистарски табличкi. Њујоршката полиција конечно стави крај на возачот кој во стилот на Џејмс Бонд со години успешно избегнуваше да плаќа патарина.
Возачот на BMW автомобил Л.Андерсон (L. Anderson) е приведен откако поминал патарина на мостот Џорџ Вашингтон. Кога поминал покрај рампата, полицијата видела дека неговата регистарска табличка воопшто не се гледа, па го прекинала сообраќајот, пишува NewYorkPost.
Полицијата тогаш соопшти дека возачот користел уред за прикривање на регистарски таблички. Со притискање на прекинувачот во кабината, возачот ја сокрил регистарската табличка со капакот и на тој начин успешно ги избегнал камерите, пренесуваат информативните агенции.
Полицијата навела дека целата регистарска табличка, вклучувајќи ги и бројките, мора да биде јасно видлива во секое време, а погледот на регистрацијата не смее да биде заматен.
Андерсон имал дури 292 потврдени неплатени прекршоци (односно патарини) и затоа ќе треба да плати казна во износ од речиси 20.000 американски долари се разбира за сите нив вкупно.