Еден Jaguar C-X75 станува легален на јавни патиштата

Jaguar C-X75 беше претставен во 2010 година, но концептот никогаш не влезе во производство…

Сепак, еден од четирите преживеани автомобили користени во филмот за Џејмс Бонд (James Bond) Spectre сега се трансформира во уличен супер (за отворени патишта) автомобил.

Проектот го презеде британската компанија Callum, која ја основа самиот Иан Калум (Ian Callum), дизајнерот на оригиналниот концепт.

Филмскиот автомобил е изграден во 2015 година од Williams Advanced Engineering.

Автомобилот има 5.0-литарски V8 мотор со супер полнач, за разлика од оригиналниот концепт кој комбинираше микро турбини со електрични мотори.

За да го претворат во патно легално возило, дизајнерите и инженерите на Callum применија голем број подобрувања, претворајќи го C-X75 во врвен колекционерски предмет.

Каросеријата од јаглеродни влакна е повторно изградена и обоена, а празнините на панелите се намалени.

Бидејќи не беше наменет за употреба на отворени (јавни) патишта, оригиналниот филмски автомобил имаше лажни ретровизори од пена, кои сега се заменети со нови компоненти со интегрирани индикатори.

Според Калум, потребни биле „стотици промени“ за да добие прототипот сертификат за индивидуално одобрение за возила (IVA) и правен статус на патишта во Обединетото Кралевство. Ова вклучуваше додавање на стакло со оцена Е и потивок издувен систем, заедно со специјално поставување за калибрација за V8 моторот, меѓу другото.

Инженерскиот тим на Callum, исто така, направи мали прилагодувања на амортизерите и растојанието од подлогата.

Овој Jaguar C-X75 ќе го има своето јавно деби на 21 април, на настанот Bicester Heritage Sunday Scramble во Велика Британија.

Callum не ја откри цената на модификациите или дали сличен третман е достапен за други преживеани примероци на филмски автомобил





НАЈНОВИ