Кинескиот Li Auto влезе во брзо растечкиот сегмент на електрични мини комбиња во Кина.
Таму, производителот на автомобили ќе ги предизвика конкурентите како што се Volvo EM90, Zeekr 009 и Xpeng X9.
Моделот Li Mega е многу интересна креација. Необичната линија на покривот со наведнат заден дел е добра од аеро динамичка перспектива. За секој чекор во кој коефициентот на отпор се намалува за 0,01, опсегот се зголемува за 7 километри, според Li Auto. Коефициентот на отпор на воздухот е само 0,215, а проценетата потрошувачка е скромни 15,9 kWh/100 km, пренесуваат специјализираните портали.
Li Mega е исто така технолошко чудо кога станува збор за полнење. Брзото полнење би требало да биде возможно со повеќе од 520 kW, а само 12 минути на полначот би требало да бидат доволни за 500 километри, иако мерено во кинескиот циклус на возење CLTC кој е традиционално погоден за производителот.
Li Mega има мотор од 400 kW/544 КС, батерија од 102,7 kWh и би требало да има досег од 700 километри (CLTC) со едно полнење. Планирано е првите испораки до клиентите да започнат во март.