Електричниот Abarth 500e беше продаден во само 14 примероци во првите два месеци во Италија

Првиот електричен модел Abarth требаше да биде продажен хит во Европа, но во првите два месеци во Италија беа продадени само 14 примероци. ..

Италијанските медиуми веќе се прашуваат зошто Abarth 500e на електричен погон е, најблаго кажано, игнориран во Италија.

Причината што е зацементиран на дното на продажната скала во друштво на ретки егзотични модели очигледно е неговата цена, пренесуваат новинските агенции.

Имено, основниот модел во Италија чини околу 38.000 евра.

Дури и неговиот малку постар, но „повозбудлив брат“ 595 со малку помоќен мотор е поевтин за најмалку 11 или 12 илјади евра, пишуваат специјализираните портали.

За потсетување, првиот целосно електричен модел на Abarth е базиран на Fiat 500e, но со голем број подобрувања ориентирани кон перформансите.

Abarth 500e има спортски поставки за шасијата, помоќен електричен мотор, нови режими на работа и генератор на звук што прави да звучи како да има моќен бензински мотор под хаубата.

Електричниот мотор произведува 155 КС и 235 Nm, што е зголемување од 37 КС и 15 Nm во споредба со Fiat 500e.

Благодарение на поголемата моќност, електричниот Abarth забрзува до 100 km/h за седум секунди.

Возачот на Abarth 500e има пристап до различни режими на возење.

Режимот Turismo ја намалува моќноста на 136 КС (100 kW) и 220 Nm во корист на ефикасноста. Scorpion Street дава пристап до целосни перформанси додека го максимизира регенеративното сопирање, додека режимот Scorpion Track воопшто не се грижи за потрошувачката и достапниот опсег.

 





НАЈНОВИ