Seat ги најави обновените Ibiza и Aaron, Cupra до крајот на деценијата и во Америка

На годишната прес-конференција, Seat ја потврди својата намера да го лансира брендот Cupra во Северна Америка до крајот на оваа деценија…

Планот е прво да се претстави целосно електрична верзија на Formentor, веројатно базирана на следната генерација.

Планови се и за поголем електричен SUV кој ќе се произведува во Северна Америка, а Seat накратко соопшти дека неименуваниот модел ќе се произведува во Мексико.

Главниот извршен директор на Seat и Cupra, Вејн Грифитс (Vein Griffiths), вели дека автомобилите ќе се продаваат преку „нов модел на дистрибуција“, но не даде детали.

Дополнително, компактниот модел Leon ќе претрпи редизајн во наредните месеци, додека Ibiza и Arona ќе доживеат уште еден рестајлинг во текот на 2025 година. Исто така, планот е за изменета Ateca.

Cupra оваа година ќе го лансира целосно електричниот Tavascan, а најавен е и хибридниот Terramar. Raval ќе пристигне следната година, како почетен модел на марката и како еквивалент на Cupra на електричниот градски хечбек ID.2 на Volkswagen.

Оперативна добивка на Seat S.A. патем, во 2023 година достигна рекордни 625 милиони евра.

Seat S.А. минатата година испорача 519.176 возила (385.592 во 2022 година), што е раст од 35,3 отсто.

Брендот Cupra имаше 230.739 испораки, што е раст од 50,9 отсто во однос на 2022 година (152.896).

Seat ја заврши минатата 2023 година со 288.437 испораки (232.696 во 2022 година, раст од 24,0 проценти).





НАЈНОВИ