Електричниот мотоцикл Tacita Discanto подготвен за релито Дакар

Претстојното издание на релито Дакар ќе одбележи историски момент за мотоциклизмот, бидејќи италијанскиот производител Tacita ќе дебитира со својот електричен мотор на две тркала….

Јапонските производители од така наречената „Големата четворка“ –   Honda, Kawasaki, Yamaha и Suzuki    – ќе бидат присутни оваа година во Саудиска Арабија на релито како дел од нивниот заеднички проект HySE, со водороден баг придвижуван од мотор дизајниран за употреба на мотоцикл.

Струјата не е ништо ново за Дакар.

Во 2017 година, Acciona стана првиот производител кој го комплетираше Дакар со електрично возило, а во 2022 година, Карлос Саинц влезе во историјата со тоа што стана првиот возач кој победил на етапата Дакар во електричен автомобил. Тоа бше Audi RS Q E-Tron.

Натпреварувачкиот мотоцикл е модел со име Discanto, кој има нов – за електричните дво тркала – менувач со пет брзини, како и водено ладење за моторот, управувачот и системот за управување со батериите.

Има и систем за заменливи батерии кој овозможува заменување на мртвите батерии со нови за време на паузите за полнење гориво во Дакар.

Секако, тоа е машина со необичен изглед, со огромен преден оклоп што се протега подалеку од вилушката а опашка се приближува до задниот дел на задното тркало.

Сепак, неговата визуелна претстава не е нужно непривлечна и во секој случај Tacita повеќе ќе се фокусира на перформансите на мотоциклот отколку на неговиот изглед.

Претходна
Следна




НАЈНОВИ