Електричните автомобили се полнат побрзо и побрзо

Огромното мнозинство на сопственици на електрични автомобили сакаат нивните автомобили да имаат големи брзини на полнење, а сега NAF (Норвешки автомобилски клуб) спроведе тест кој потврди дека полнењето на електричните автомобили навистина забрзало за само половина година…

За време на големиот тест за полнење на електрични автомобили, спроведен оваа зима, наречен El Prix 2024, девет од 23 автомобили се наполнија од 10 до 80 проценти за помалку од половина час.

Најбрз беше Xpeng G9, а потоа Lotus Eletre, Nio EL6 и Nio ET5, пренесуваат специјализираните портали.

– Сега прекините за полнење се импресивно кратки. Како што автомобилите ги полнат батериите побрзо и побрзо, тешко дека имате време да одите во тоалет пред да продолжите со патувањето – вели Нилс Содал (Nils Sødal,), виш советник во NАF, во соопштението за печатот.

За време на тестот, Xpeng успеа да го наполни моделот G9 за 19 минути, што според NAF е за минута пократко од наведеното време за полнење, додека Lotus заостана со 22 минути. Lotus имаше и најголема тест брзина на полнење од 327 киловати.

– Ова покажува дека во последната година се случија големи работи со полнењето на возилата.

Неколку автомобили со големи батерии сега успеваат многу брзо да се полнат на станица за полнење – вели Содал.

Време на полнење 10-80 проценти (најбрзо):

Xpeng G9 – 19 минути

Lotus Eletre – 22 минути

Nio EL6 – 23 минути

Nio ET5 Touring – 24 минути

Kia EV6 – 24 минути





НАЈНОВИ