Црна кутија и алкотест во возилата Daciа

Dacia ќе ја ажурира комплетната палета на возила, а покрај оптичкото освежување, најзначајната вест е поврзана со новиот сет на безбедносни прописи GSR2. Црната кутија и алкотестот стануваат стандардна опрема…

Романскиот производител на автомобили најави голем број важни новитети во својата понуда. Веста доаѓа како резултат на воведувањето на новата регулатива GSR2, која ќе стапи на сила во Европската унија во јули. Dacia ќе ги ажурира и приспособи сите сегашни модели на новите регулативи почнувајќи од април.

Она што е најважно во однос на новите регулативи, сите модели што ги нуди Dacia ќе добијат нов пакет на безбедносни системи во основната опрема за автомобилите да ги исполнуваат новите GSR2 прописи, пренесуваат информативните агенции.

Така, сите модели на Dacia ќе добијат: црна кутија како снимач на настани во случај на несреќа, стандарден алкотест уред, кој ќе има можност да го блокира возењето под дејство на алкохол, систем за препознавање сообраќајни знаци со предупредување за брзо возење, предупредување при промена на лента,  контрола на вниманието нa возаот, помош при паркирање наназад, сензори за светло и дожд, автоматско сопирање со детекција на пешаци и велосипедисти, како и систем за предупредување за итно сопирање.

Исто така, сите модели на Dacia ќе содржат шифра за спасување. Тоа ќе биде QR код во форма на налепница прикажана на шофершајбната и задното стакло. Со скенирање на кодот ќе може да се пристапи до списокот за спасување и упатствата, со кои спасувачките тимови ќе знаат, на пример, каде се наоѓа резервоарот за гас во случај на несреќа на патот.

Од оптичките промени, најголемата иновација ја носи Sandero, кој заедно со новата зелена нијанса на боја добива и нова линија на опрема за Journey. Новото ниво на опрема одговара на Extreme верзијата на Sander Stepway и ги носи следните новитети: нови алуминиумски бандажи, нови облоги на прагови и ексклузивни теписи во патничкиот простор. Дотерувањето на Journey вклучува и картичка наместо клуч, потоа камера за рикверц, пренослив држач за телефон и организатор на багажникот.

И Sandero и Logan сега ќе добијат проширена палета на бои. Најдоминантна нијанса ќе биде Beige Safari, ексклузивна за Sandero Stepway. Исто така, хибридната верзија на Dacia Jogger ќе биде збогатена со нов 7-инчен централен екран, кој е присутен и на новата генерација на Duster.

Дополнително, сите модели ќе добијат USB-C приклучок на дното на контролната табла, уште еден USB-C приклучок зад централната конзола за автомобили опремени со пакетот Comfort, како и рачна клима за Jogger во основната верзија Essential. .





НАЈНОВИ