Mercedes-Benz повикува на вонреден сервис 250.000 автомобили ширум светот

Mercedes-Benz ги покани сопствениците на околу 250.000 возила од неговата понуда ширум светот да ги донесат на сервисна проверка и можна замена на несоодветни делови, потврди во вторникот портпаролот на германскиот автомобилски гигант.,,

Повлекувањето првпат се појави во базата на податоци на Германската управа за моторен сообраќај (KBA) и се однесува на моделите AMG GT, C-Class, CLE, E-Class, GLC, S-Class и SL, како и EQE и EQS e- модели произведени во 2023 година и подоцна.

Само во Германија кампањата вклучува 37.000 возила.

Особено, некои осигурувачи инсталирани во овие возила може да бидат несоодветни.

Последиците може да бидат дефект на моторот, па дури и пожар, се вели во извештајот на КВА што го пренесе агенцијата DPА.

Mercedes-Benz превентивно ќе ги замени тие осигурувачи на споменатите модели, соопштија од концернот.

Интервенцијата во овластениот сервис трае неколку часа, а трошоците се на товар на производителот.





НАЈНОВИ