Engler V12

Компанијата Engler (основана во 2014 година од Виктор Енглер) претставува Super-Quad наречен Engler V12, кој има до 1200 КС, со максимална тежина од 1200 кг…

Возилото има карбонски монокок со титаниумски елементи, а предвидената моќност се движи од 700 до 1200 КС, со целен вртежен момент до 1200 Nm и 8-брзински менувач со двојна спојка.

Има и карбон-керамички сопирачки (со дискови со големини од 410 x 38 mm напред и 390 x 34 mm задни), магнезиумски тркала со димензии од 20 инчи, како и гуми Michelin Pliot Sport Cup 2 (245/30 R20 напред и 305/30 R20 назад ).

Засега не се знае кога почнува продажбата, ниту по која цена.





НАЈНОВИ