Колку заработува кинескиот BYD од секој продаден автомобил?

Азискиот гигант BYD е на пат да доминира на автомобилските пазари на неколку континенти…

Волуменот е големата цел на BYD во оваа нова фаза. Како што објави Late Finance, BYD собира нето добивка од 9.000 кинески јуани за секој продаден автомобил.

Тоа е околу 1245 американски долари добивка по продадена единица.

Тоа е помалку од просекот на повеќето други брендови, но тоа не е проблем.

Имено, BYD е фокусиран на обемот, што е слично на повеќето кинески компании во другите деловни сегменти.

Целта е да се освои пазарот, да се скрши конкуренцијата и потоа (најверојатно) да се зголемат цените, пренесуваат специјализираните портали.

Во Европа веќе се оди со цврсти чекори кон тоа цел.

Минатата година BYD најави изградба на својата прва фабрика на Стариот континент, во Унгарија.

Покрај тоа, неодамна од Компанијата најавија пристигнување на неколку марки и модели на европскиот пазар.

Во согласност со стратегијата и зголемувањето на волуменот на продажбата од BYD потврдија дека повеќе нема да се ограничува на 100% електрични автомобили, туку дека ќе нуди и plug-in хибридни возила, проширувајќи го спектарот на производи.

Ним ќе им се придружат и други брендови на конгломератот, како што се YangWang, кој ќе го нападне премиум сегментот и Denza, кој е во средниот ешалон.





НАЈНОВИ