Ferrari 250 Testa Rossa од 1958 би можел да достигне цена од 30 милиони фунти

Ferrari 250 Testa Rossa (TR) е направен во само 33 примероци, а еден од само 19-те pontoon fender 250 TR од 1958 година, ќе биде понуден на аукцијата на RM Sotheby’s следниот месец…

Според проценките, овој автомобил би можел да се продаде за сума од 26 до 30 милиони фунти (од 30,2 до 34,8 милиони евра).

Примерот со број на шасија 0738 има четири победи на 20 официјални трки, додека беше активно натпреварувачко возило повеќе од една деценија.

Веста вели дека во 2013 година претрпе целосна реставрација на Ferrari Classiche, како и дека е придвижуван од 3.0-литарски Colombo V12 мотор со 296 КС (има 4-степен менувач и погон на задните тркала).





НАЈНОВИ