Fiat 500е ќе добие и бензинска верзија

Извршниот директор на Stellantis, Карлос Таварес (Carlos Tavares), рекол дека наскоро би можел да објави дека електричниот Fiat 500e ќе добие уште една енергетска платформа – бензинска верзија со благ (mild) хибриден погонски склоп, пишува Automotive News Europe…

Fiat 500e е малку поголем од Fiat 500 на бензин и е поставен на друга платформа која беше означена само како електрична, но очигледно крие модуларност за која досега не знаевме, пишуваат специјализираните портали.

Добавувачите на Fiat изјавија за Automotive News Europe дека добиле RFP од Stellantis Италија за да го зголемат производството на двоен погон од 500 до 200.000 единици годишно.

Веста за потенцијалната конверзија прв ја објави италијанскиот дневен весник Il Corriere della Sera. Новата цел од 200.000 единици вклучува додавање на 125.000 модели со бензински мотори, рекоа добавувачите под услов да останат анонимни. Од јануари до април, Fiat продаде не толку спектакуларни 12.288 примероци од 500e во Европската унија и во Велика Британија и земјите од ЕFТА, во споредба со 17.363 во истиот период минатата година, според Dataforce. Во Stellantis не се премногу задоволни од бројките за продажба на Fiat 500e, а следниот потег е можност да се ревитализира, односно да се обезбеди целосниот капацитет на фабриката со бензин.

Стариот модел на Fiat 500 нема да биде хомологиран за новите прописи за безбедност и сајбер безбедност. Ќе продолжи да се продава во Африка и на Блискиот Исток, а ќе се склопува во Алжир. Но, тука доаѓа новиот 500… Fiat одговори на слабата продажба на 500e од почетокот на оваа година со откажување на една од двете смени во Mirafiori во средината на февруари и користејќи привремени отпуштања во март, април и мај. Со оваа одлука тој би можел да ја ревитализира фабриката во Италија, но и значително да го зголеми производството на новиот модел 500.

 





НАЈНОВИ