Hyundai планира да ги удвои инвестициите во електрични возила

Јужнокорејскиот производител на автомобили Hyundai двојно ќе ги зголеми своите  инвестиции во електрични автомобили и покрај моменталната слаба продажба на електрични возила на глобално ниво…

„Додека другите производители се повлекуваат од својата стратегија за електрификација, ние остануваме фокусирани на нашите производи кои се покажаа исклучително добро на пазарот“, рече извршниот директор на Hyundai America, Ренди Паркер.

Како што пренесува порталот Verge, компанијата продала 14.798 електрични автомобили во март 2024 година, што е за 53 отсто повеќе во споредба со истиот месец минатата година.

Други компании забележаа пад на продажбата, што ги натера да ги одложат плановите на фабриката или да ги повлечат инвестициите, јави Танјуг.

На глобално ниво, Hyundai продаде 153.519 електрични возила во првиот квартал од 2024 година, вклучувајќи хибриди, plug-in хибриди, електрични возила со батерии и електрични возила со горивни ќелии, што е за 4,8 отсто помалку од истиот период минатата година.

Нејзиниот глобален оперативен профит во првиот квартал падна за 2,3 отсто во споредба со претходната година.

„Не сум во позиција да зборувам за билансот на глобално ниво, но само дозволете ми да кажам дека добро ни оди во Соединетите Американски Држави“, коментира Паркер.

 





НАЈНОВИ