Fiat повеќе полага на хибридот отколку на електричниот модел 600

Тврдењето на Fiat дека ќе лансира само електрична верзија на својот нов модел 600 на некои пазари – очигледно – полека се ревидира…

Имено, италијанската марка речиси секаде ќе нуди хибридна верзија на моделот 600 и тоа со многу добра причина: ќе биде за околу 9 илјади евра поевтина од електричната.

На пример, во Обединетото Кралство (Велика Британија) со цена од 23.965 британски фунти, новиот 600 хибрид е за повеќе од 9.000 фунти поевтин од целосно EV верзијата.

Претходно, Fiat изјави дека ќе го понуди само 600e на пазарот во Велика Британија, но оттогаш се повлече од таа одлука, според индормациите што ги пренесуваат новинските  агенции.

Hybrid 600 е придвижуван од Puretech 1.2-литарски турбо бензинец со три цилиндри преку шест-брзински автоматски менувач со двојна спојка. Опремен е со благ ( mild) хибриден систем од 48 V кој се состои од електричен мотор од 29 КС и батерија со капацитет на моќност од 1 kWh за да се зголеми економичноста на експлоатацијата на горивото.

Овој погон доаѓа од матичната компанија на Fiat, Stellantis и е заеднички со Jeep Avenger и Peugeot 3008.

Ќе бидат понудени две спецификации, со почетни автомобили едноставно означени како Хибридни и автомобили од повисока класа означени како La Prima.

Сето ова значи дека секој модел што се наоѓа на CMP платформата на Stellantis – Avenger, Citroën C4, DS 3, Peugeot 208, Peugeot 2008, Opel Corsa и Opel Mokka – сега е достапен со избор на хибридни или електрични погонски единици.

Потегот на Fiat да го претстави хибридниот 600 значи дека неговата стратегија за електрификација е приспособена, но марката рече дека останува „не помалку посветена“ кон реализација целосна електрификација на понудата.

Тоа исто така значи дека целата палета на модели на Fiat – Fiat 500, Fiat Panda и Fiat Tipo – се достапни со електрифицирани погонски единици.

 





НАЈНОВИ