Ford продаде речиси два милиони автомобили во САД минатата година

Американскиот производител на автомобили Ford објави дека минатата 2023 година продал речиси два милиони возила во Соединетите Американски Држави, што претставува раст од 7,1 отсто во однос на претходната 2022 година…

Според резултатите од вкупната продажба во САД, компанијата заврши на третото место, зад Toyota и General Motors, пренесува CNN (CNBC).

„Во година полна со предизвици, од штрајкови на работниците до проблеми со снабдувањето, нашата неверојатна постава на бензински, електрични и хибридни возила и нашите фантастични дилери испорачаа солиден раст и продажен момент. Имаме производи што ги сакаат клиентите“, рече извршниот директор на Ford. Џим Ферли во изјава за медиумите.

Растот на продажбата на Ford во САД и натаму е помал од просечниот раст на целата автомобилска индустрија, која годишно скокна за 12,3 отсто.





НАЈНОВИ