Ford Ranger MS-RT

Ford Ranger MS-RT е дизајниран да биде врвен пикап, со мускулест стил инспириран од мото спортот…

Го придвижува 3.0 литарски V6 дизел мотор на FORD, кој испорачува моќност од 240 КС и 600 Nm максимален вртежен момент. Истиот доаѓа во пар со, со 10-брзински автоматски менувач и со погон на сите четири тркала.

Визуелно, новиот преден дел на Ranger MS-RT е инспириран од тркачките pick – up изведби на Ranger кои се натпреваруваат во Азија, со решетка на маската во вид на саќе и интегриран „сплитер“ (разделник).

Има и комплет странични прегради, како и карактеристичен заден браник со интегриран дифузор.

Покрај тоа задната задна врата на багажникот доаѓа со MS-RT графика и ексклузивен спојлер.

Возилото е пониско за 40 милиметри, што му дава на Ranger MS-RT поспортски став, со поголема прецизност на управувањето и стабилност во свиоци.

Ексклузивните 21-инчни тркала доаѓаат во комбинација со гуми со димензии 275/45 R21, додека трагата на тркалата е поширока за 50 mm.

Препознатливата внатрешност на ова возило со двојна кабина се одликува со уникатни нови седишта од еко-кожа со препознатлив шаблон MS-RT и сини шевови, како и спортски волан со син маркер во  позиција 12 на стрелките од часовникот.

Од лансирањето, Ranger MS-RT ќе биде достапен во широк спектар на бои, вклучително и Conquer Grey, со Avgate Black капачиња на ретровизорите и рачки на вратите.

Стандардна опрема вклучува, меѓу другото, 12-инчен екран чувствителен на допир, двозонска автоматска контрола на климата, предни и задни сензори за помош за паркирање, задна камера, интелигентна адаптивна контрола на патувањето (темпомат) и ограничувач на брзината.





НАЈНОВИ