Geely Galaxy E5

Претходно, Geely ја претстави новата под-бренд Galaxy, која кинескиот гигант ја опиша како „серијата на електрифицирани производи од висока класа“….

Се очекува Galaxy да понуди седум автомобили до 2025 година, вклучувајќи четири хибриди со долг дострел и три целосно електрични возила.

Новата палета на луксузни модели ќе ги прикаже најновите технологии на компанијата, а се започна со хибридниот теренец Galaxy L7 plug-in.

Неодамна пристигна и електричниот седан E8, а сега за крајот на април и саемот во Пекинг е најавен целосно електричниот SUV модел Galaxy E5.

Засега нема многу детали, но се вели дека погонот ќе позајми од Galaxy E8 врз основа на платформата од 400 волти или платформата со врвни спецификации од 800 волти. Почетните верзии на E8 имаат еден мотор на задната оска со 200 kW/272 КС, додека врвниот модел со два мотори има 475 kW/646 КС. Има и LFP батерии од 62 kWh до 76 kWh.

Galaxy моментално има 650 продажни места низ Кина, каде што продаде 83.497 автомобили минатата година.

 





НАЈНОВИ