Genesis G70 „Track Taxi“ на Нирбургринг“

Genesis подготви „Track Taxi“ врз основа на својот седан G70, кој им овозможува на патниците да возат на една од најкомплексните и највозбудливите тркачки патеки во светот (со должина од 20.832 km, 73 свиоци и 300 метри надморска височина)…

Како што е наведено, во Genesis G70 „Track Taxi“ посетителите ќе можат на спектакуларен начин да искусат што е „Зелениот пекол“. Спортскиот седан со 3,3-литарски турбо мотор со 373 КС и 510 Nm комбинира динамични возни карактеристики, иновативна технологија и атлетски дизајн сличен на купе – и обезбедува извонредни перформанси и стабилност на Нирбургринг (Nürburgring).

Суспензијата на G70 беше дополнително подобрена во соработка со Техничкиот центар на Hyundai Motor Europe (HMETC) во Риселсхајм и подесена за употреба на тркачката патека. Објектот служи како центар за развој на европските перформанси и издржливост на Genesis.

Како дел од партнерството помеѓу Genesis и Michelin, Genesis G70 “Track Taxi” е опремен со специјални гуми Michelin Pilot Sport 4S кои обезбедуваат високи перформанси во сите временски услови.

Веќе се можни резервации за Genesis Track Taxi (возењето чини 120 евра), а програмата започнува на 6 јули 2024 година.





НАЈНОВИ