Времињата се предизвик за европската автомобилска индустрија, а некои очигледно се подготвени да одат уште подалеку и да ги прогласат за катастрофални…
Кога таквите проценки ќе ги изнесе угледниот германски автомобилски аналитичар Фердинанд Дуденхофер ( Ferdinand Dudenhöffer), тогаш треба да се размислува понатаму.
– Се повеќе се збогуваме со автомобилската индустрија во Европа – објасни Фердинанд Дуденхофер за австрискиот Ö1 Mittagsjournal.
Италијанската влада во моментов се обидува да привлече што е можно повеќе кинески производители на автомобили.
Партнерствата со Кина во секторот е-автомобили, како што е тоа на Италија со компанијата од Кина – Dongfeng, би можеле да успеат, вели експертот, бидејќи Кинезите многу подобро ги разбираат електричните автомобили од европските производители.
Во голем број на производство и поевтини батерии ги имаат сите предуслови за поевтини автомобили.
Европа го преспа клучното време во оваа трка. Патот на италијанската влада е добредојден, смета аналитичарот и најавува дека електричните автомобили се иднината.
Ни треба покачување, ни требаат субвенции за се, објаснува економистот и бара и јавни пари за да можат кинеските производители да произведуваат овде. Сепак, високите царини на Европската унија за кинеските возила како заштита за европските производители е погрешна прoцена.