Годинава и електричниот Hispano Suiza Sagrera

Hispano Suiza најавува дека во јуни ќе ја прослави својата 120-годишнина со претставување на нов хипер автомобил…

Тоа е електричниот Hispano Suiza Sagrera (именуван по квартот „La Sagrera“ во Барселона), кој всушност ќе биде „еволуција“ на моделот Carmen.Сепак, Sagrera нема да го замени тој автомобил бидејќи компанијата вели дека Sagrera ќе ја комплетира нивната понуда, придружувајќи се на Carmen со 1020 КС и Carmen Boulogne со 1115 КС.

Засега е познато само дека Sagrera ќе добие батерија од 103 kWh.

Hispano Suiza, исто така, посочува „важна еволуција во однос на аеродинамиката“, како и дека „Сагрера е создадена за да ја одржи легендата во живот, подигајќи ги перформансите, спортскиот стил и страста за луксуз на сосема ново ниво“.

Новото тизер видео се фокусира на големото задно крило, изработено од карбонски влакна, кое има и златни акценти на профилот.

Извршниот директор на Hispano Suiza, Серхио Мартинез Кампос (Suiza Serhio Martinez Kampos), додава дека автомобилот „ги поставува темелите за дизајнерската линија што марката ќе ја следи во наредните години“. Сè уште не можам да откријам премногу детали, но Сагрера е тука да продолжи да ги исполнува желбите на нашите клиенти: тие од нас побараа ваков автомобил и да продолжиме да бидеме единствени“.





НАЈНОВИ