Хипер автомобилот на Red Bull RB17 уште во тек на оваа година

Red Bull RB17 првпат беше најавен во 2022 година како хиперавтомобил со хибридна технологија и 919 kW/1250 КС…

Исто така, тогаш беше потврдено дека ќе биде дизајниран од легендата на Ф1, Адријан Њуи (Adrian Newey).

Во меѓувреме, директорот на Ф1 тимот на Red Bull, Кристијан Хорнер, изјави во неодамнешното интервју дека ќе дознаеме повеќе оваа година кога автомобилот ќе биде целосно откриен.

Извештаите покажуваат дека RB17 ќе има твин-турбо V8 мотор, потпомогнат од систем за обновување на енергија во стилот на Ф1.

Њуи претходно изјави дека се стремел кон максимална тежина од само 900 килограми, што би било импресивен подвиг.

Ова го прави полесен од Aston Martin Valkyrie AMR Pro, кој исто така беше дизајниран со негов придонес. Сепак, тоа сепак би било околу 48 килограми повеќе отколку што имаат Gordon Murray Automotive  -Т.50.

Red Bull планира да произведе вкупно 50 примероци на RB17, а испораката се очекува да започне во 2025 година.

Проценките покажуваат дека хиперавтомобилот ќе чини околу 5 милиони фунти.

Сепак, треба да се каже дека сопствениците нема да можат да го возат на јавни патишта, бидејќи се работи за хипер автомобил само за патека.

 





НАЈНОВИ