Турскиот Togg го претстави електричниот седан T10F на CES

Турскиот бренд за електрични автомобили Togg го претстави својот нов модел – седан на големиот саем за потрошувачка електроника CES 2024 во Лас Вегас во САД, јавува Anadolu…

„Моделот, со линии „fastback“ се вика „T10F““, објави компанијата на социјалната мрежа X. Togg го претстави првиот прототип на електрично возило во Турција во декември 2019 година.

Во 2022 година, компанијата ја започна фазата на масовно производство на својот прв модел, T10X, и почна да го доставува до клиентите минатата 2023 година.

Досега се испорачани околу 20.000 автомобили T10X. Целта на компанијата е до 2030 година да произведе еден милион возила, во понуда на гама со пет различни модели.

Togg, кој стана симбол на високо – технолошкиот напредок во Турција, се очекува да претстави нови модели во наредниот период.

 





НАЈНОВИ