Honda Civic Type R во Холандија чини речиси 90.000 евра?

Општо познато е дека автомобилите значително поскапеа во последните години, па во некои земји спортските компакти достигнаа цени со шест цифри….

Благодарение во голема мера на владината политика, цените на електричните автомобили и автомобилите со мотори со внатрешно согорување се приближија многу.

Сепак, спротивно на очекувањата, електричните автомобили не поевтинија толку колку што поскапеа оние со класичен погон.

Ова е особено видливо во Холандија, каде што моделите со повисоки емисии на CO2 се на удар, пренесуваат информативните агенции.

Најдобар пример за ова е Honda Civic Type R. Спортската верзија на популарниот компактен е придвижуван од 2.0 бензински мотор кој му овозможува многу забава на оној што седи зад воланот, но само откако ќе му ги испразни џебовите.

Покрај плаќањето ДДВ во износ од 21 отсто, купувачот на ваков модел потоа мора да плати и надоместок поврзан со CO2. Belasting van personenauto’s en motorrijwielen или, накратко, BPM нуди неколку категории на плаќање. Најмногу плаќаат оние со повисоки емисии на CO2. Во таа „најтешка“ категорија границата е 161 g/km што значи плаќање такса од 13.655 евра и дополнителни 549 евра за секој g/km повеќе.

Бидејќи Civic Type R испушта 186 g/km, пресметката е јасна, целата такса за BPM е 27.380 евра, а цената се искачува на 88.560 евра. Ако изберете акцесоари (дополнителна опрема) како што се Сhampionship бела боја, Carbon Pack и Illumination Pack пакет, цената ќе скокне на 95.060 евра. Колку само за споредба ќе наведеме дека овој ист автомобил во САД чини околу 42.000 евра.

Истото важи и за Volkswagen. Golf GTI во Холандија чини 60.990 евра, додека Golf R дури 84.990 евра.

Врвниот компактен спортист, Mercedes-AMG A 45 S 4MATIC+, чини 113.931 евра во Холандија.

Без сомнение, откако регулативата ги искорени моторите со голема зафатнина, сега го повторува истото со моторите 2.0 како уште една шајка во ковчегот за да ги закопа класичните мотори со внатрешно согорување.





НАЈНОВИ