Hyundai и Kia Active Air Skirt

Корејскиот гигант претставува нов систем кој ќе им овозможи на електричните автомобили да возат побрзо и понатаму.

Неговото име е  Active Airs Skirt (AAS) или преведено активни воздушни крилцз (здолниште во буквален превод) и е активен елемент на аеродинамиката што го намалува отпорот на воздухот до три проценти. Станува збор за минијатурен панел кој се извлекува со одредена брзина и со својата положба помеѓу предниот браник и тркалото учествува во намалувањето на турбулентниот проток.

AAS се активира при брзини над 80 km/h и автоматски се вовлекува кога автомобилот забавува до 70 km/h. Резултатите од тестот на Genesis GV60 покажаа дека овој систем го намалува коефициентот на отпор (Cd) за 0,008, или 2,8 проценти. Ова го зголемува досегот во просек за околу 6 километри, според информациите пренесени во ветите на дневните портали.

Ова е значаен придонес, особено затоа што AAS влијае само на протокот на воздух низ долниот дел од браникот. Неговата форма е целосно во согласност со карактеристиките на платформата E-GMP, а тестовите покажаа дека е ефикасен дури и при брзини поголеми од 200 km/h.

Hyundai и Kia ќе го патентираат овој систем во Кореја и САД и планираат наскоро да го комерцијализираат. Се очекува дека ќе има значително влијание врз SUV/ crossover моделите, кои носат бројни предизвици во однос на аеродинамиката.

 

 





НАЈНОВИ