Пристига BYD Atto 2

Електричниот BYD Yuan Up ќе стартува во Кина кон крајот на 2024 оваа година, додека во Европа би требало да пристигне во наредната  2025 година под името Atto 2…

Станува збор за електричен SUV со погон на предните тркала, базиран на платформата BYD за електрични возила од третата генерација (e-Platform 3.0), со најава дека ќе заземе место помеѓу моделите Dolphin и Atto 3.

BYD навестува дека ќе започне со продажба во Европа во текот на 2025 година, но не наведе конкретна временска рамка.

Исто така, допрва треба да открие какви било детали за цената, но неговото позиционирање сугерира дека може да чини околу 30.000 фунти во В. Британија.

Автомобилот е долг 4310 mm, широк 1830 mm, висок 1675 mm и има растојание помеѓу оските од 2620 mm.

Atto 2 ќе добие преден електричен мотор во верзии од 95 КС или 177 КС, со батерии од 32,0 kWh или 45,1 kWh за опсег од 300 km и 400 km на кинескиот циклус CLTC.

Максималната тежина е помеѓу 1430 kg и 1540 kg, во зависност од електричниот мотор и батеријата.

 





НАЈНОВИ