Hyundai обвинет за користење детски труд во своите и партнерските компании во Алабама

Американското Министерство за труд го обвини јужнокорејскиот производител на автомобили Hyundai дека незаконски користи детски труд во неговите и партнерските компании во сојузната држава Алабама…

Тужбата, поднесена во Окружниот суд на САД во Монтгомери, Алабама, исто така ќе бара од компаниите да отфрлат каква било добивка поврзана со користење на детски труд, објави Reuters.

FILE PHOTO: The United States Department of Labor is seen in Washington, D.C., U.S., August 30, 2020. REUTERS/Andrew Kelly/File Photo

Пред две години, агенцијата објави дека деца, некои од нив на возраст од 12 години, работат за филијала на компанијата Hyundai и добавувачи на делови во гореспоменатата јужна американска држава.

Како што јави Таnjug, секторот за труд како обвинети именувал три компании, покрај оваа фабрика во Алабама и добавувачот на автоделови SМАRТ и компанија за вработување за злоупотреба на трудот на 13-годишно дете. Тогаш беше откриено дека едно дете работи од 50 до 60 часа неделно на монтажната лента.

„Една компанија не може да ја избегне одговорноста обвинувајќи ги добавувачите или фирмите со персонал за кршење на законите за детскиот труд, а всушност тие се самите работодавци“, рече трудовиот адвокат Сима Нанда (Sima Nanda).

Во 18-месечна истрага, Reuters дозна за малолетни работници во фабриката на добавувачот во Луверн, Алабама, откако дете-мигрант од Гватемала накратко исчезна во февруари 2022 година од семејниот дом во Алабама.





НАЈНОВИ