Jeep има план да остане на врвот

Тимот од изданието Motor1 разговараше со шефот на Jeep, а темата беше како оваа легендарна марка планира да се одбрани од поплавата на SUV/crossover модели на пазарот…

Повеќе од 60 години, Jeep континуирано произведува автомобили со висок клиренс со погон на сите тркала. Овој формат денес го знаеме под името „SUV“ кој дефинитивно го освои светот. Бидејќи оваа конфигурација на каросеријата обезбедува многу простор за батериите, одлична е и за инсталирање електричен погон. Па, како успева „оригиналот“ да опстане во ваква констелација, покрај безброј „плагијати“?

„Многу брендови кои влегуваат во просторот на теренците нè имаат цврсто на нишан“, изјави Бил Пефер (Bill Prefer), постар потпретседател на Jeep и шеф на Северна Америка, за Motor1 за време на медиумското претставување на Wagoneer S во Њујорк. „Го имаме најпродаваното возило во сегментот D, моделот Grand Cherokee. Водечки сме и во категоријата plug-in хибриди. Доминираме во off-road моделите со Wrangler. Без сомнение имаме конкуренција која се обидува да не отстрани од лидерската позиција“.

Заедно со лансирањето на Wagoneer S, Jeep најави нови plug-in хибридни погонски единици за Gladiator, Wagoneer и Grand Wagoneer пикапи. Компанијата, исто така, ја истакна флексибилноста на платформата STLA-Large, која ја формира основата за целосно електричниот Wagoneer S и може да примени BEV, хибридни и традиционални погонски единици.

Како што објасни Пефер, оваа флексибилност во технологијата на погонската група може да му помогне на Jeep да остане „снаодлив“ додека автомобилската индустрија мери каква би можела да биде иднината на електричните возила. „Имаме 83 години“, вели Пефер. „Нашата цел е да бидеме таму што е можно подолго. Со тоа заработивме малку слободен простор за набљудување и гледање. Ако денес не постигнеме успешна продажба во еден сегмент, марката Jeep нема да исчезне. Некои од нашите конкуренти, доколку не продаваат одреден вид производ, може да се најдат во тешкотии. Кога купувате Јееп, не треба ништо да објаснувате. Тоа е Јееп, луѓето знаат што значи тоа“.

За шефот на дизајн на Stellantis, Ралф Жил (Ralph Gilles), моделот Wagoneer S е клучен за да се разликува Jeep во морето SUV/crossover модели. „Тоа е неочекувано стилски Jeep“, рече тој. „Таа ја пренесува својата ефикасност преку својата форма без да изгледа како електричен автомобил однадвор. Можеби ќе победат луѓето кои инаку не би обрнувале внимание на нашиот бренд“.

Гил изгледа не е загрижен за тоа што другите го копираат стилот на Jeep. „Ги гледав нашите натпреварувачи како користат трапезоидни лакови на тркалата, како се стремат да направат нивните автомобили да изгледаат како Jeep“, рече тој. „Некои од нив воопшто не се надвор од патот, но изгледаат како да се. Нашите возила се дизајнирани од истите луѓе кои создаваат екстремни теренски возила. Тој потенцијал е вграден во секој џип што го правиме, така што не сме загрижени за конкуренцијата“.

Следниот трик за Жил и неговиот тим ќе биде да смислат нов тип на возило што другите ќе го копираат. „Секогаш бараме простор за маневрирање. Отсекогаш сме биле познати по ова, измислувајќи нови сегменти пред многу години. Многумина се приврзаа за нив и тоа не нервира. Па, што правиме тогаш? Им велам на моите инженери – ајде да најдеме нови“.

 





НАЈНОВИ