Peugeot во март ќе ја прикаже новата генерација на моделот 5008 (кој ќе има и електрична верзија на E-5008), а како најава служи сет од неколку официјални фотографии од неговата внатрешност…
Peugeot сака да понуди електрична верзија на секој од своите модели до 2025 година и тврди дека 100 отсто од автомобилите што ги продава во Европа ќе бидат полни Ицелосни) ЕV до 2030 година. Но, за да се премости јазот, уште порано најави и нова линија на благи (mild) хибридни мотори.
Новиот 5008 ќе се базира на истата STLA Medium платформа како и помалиот Peugeot 3008 на Stellantis, нудејќи слична комбинација на хибридни и батериски електрични погонски единици. За потсетување, 3008 хибрид комбинира 1,2-литарски бензински мотор со електричен мотор, испраќајќи комбинирана моќ од 136 КС на предните тркала преку шест (6) степен автоматски менувач на брзини.
Електричниот E-3008 доаѓа во неколку варијанти. Основната верзија има мотор со моќност од 210 КС и 343 Nm, максимален вртежен момент, со батерии од 73 kWh и домет до 525 km.
Следува варијантата со подолга автономија која има моќност од 230 КС и 343 Nm вртежен момент и која со батерии од 98 kWh има автономија до 700 km.
На врвот е верзијата Dual Motor со вкупна моќност од 320 КС, а со батерии од 73 kWh дометот и е до 525 километри.
Полнењето од 20% до 80% трае 30 минути за стандардната верзија и помалку од 30 минути за варијантата со подолга автономија.
Забрзувањето и опсегот веројатно ќе бидат малку намалени со Peugeot E-5008, поради неговата големина.
Peugeot 5008 ќе се разликува по тоа што ќе нуди седишта за до седум патници, а Peugeot може да се пофали со „одлични нивоа на внатрешен простор“ и „лесен пристап до удобните седишта од третиот ред“.
Во внатрешноста, новиот 5008 ќе го има најновиот дизајн на Peugeot i-Cockpit, кој беше претставен во Peugeot E-3008.
Централниот дел на контролната табла е нов заоблен панорамски екран од 21 инчи кој ги комбинира дигиталната табла со инструменти, главниот екран и екранот на допир во една единица. Десната страна на заоблениот екран е чувствителна на допир и овозможува пристап до информативно забавниот систем, поставките и контролите на климата. Дополнителен екран на допир на централната конзола содржи кратенки „i-Toggles“ со 10 приспособливи локации кои ги заменуваат старите прекинувачи во стил на авион.
Peugeot прави понатамошен чекор кон полуавтономно возење со системот Drive Assist Plus достапен на новиот Peugeot E-3008.
Овој систем му помага на возачот да ги користи сите сензори на автомобилот (камери, радар, итн.) и информации од поврзаниот систем за навигација. Се очекува да го добие и Peugeot E-5008.
Визуелно, новиот Peugeot 5008 ќе ја задржи својата препознатлива силуета, со поголем фокус на практичноста, што јасно го разликува од fasback моделот Peugeot 3008. Друг интересен елемент ќе биде дизајнот на тркалата, со голема решетка, елегантно осветлување и светла со тројни канџи.
И на крајот и податокот дека Peugeot 5008 ќе биде пуштен во продажба до крајот на тековната 2024 година.