Irmscher Opel Corsa

Германскиот специјалист за тјунинг на модели на Opel ја претставува модифицираната Corsa од најновата генерација.

За поатрактивен изглед е згрижен aero body kit (преден браник со спојлер, повпечатливи прагови на вратите, дотеран заден браник, заден спојлер на покрив), а има и маска Irmscher, црн контрастен покрив, опционален црн хауба, 18-инчни тркала Turbo Star, црвени клешти на сопирачките, и изменета суспензија (автомобилот е понизок за 30 mm).

Инаку, Irmscher во својата понуда има и пакети за засилување на моторот (+ 20 КС).





НАЈНОВИ