Red Bull RB17 ќе биде хипер автомобил со V10 мотор

Red Bull RB17 првпат беше најавен во 2022 година како хиперавтомобил со хибридна технологија и 919 kW/1250 КС. ..

Исто така, тогаш беше потврдено дека ќе биде дизајниран од легендата на Ф1, Адријан Њуи (Adrian Newey).

Во меѓувреме, директорот на Red Bull F1тимот, Кристијан Хорнер, во едно неодамнешно интервју изјави дека ќе дознаеме повеќе оваа година кога автомобилот ќе биде целосно откриен.

Сега најновите вести велат дека RB17 ќе има атмосферски V10 мотор, а не Twin-turbo V8 како што се мислеше. Њуи додаде дека V10 моторот ќе биде потпомогнат од мал електричен мотор со 200 КС.

Њуи претходно изјави дека се стремел кон максимална тежина од само 900 килограми, што би било импресивен подвиг. Ова го прави полесен од Aston Martin Valkyrie AMR Pro, кој исто така беше дизајниран со негов придонес. Сепак, тоа сепак би било околу 48 килограми повеќе отколку што имаат Gordon Murray Automotive T.50s.

Како што е најавено, RB17 ќе биде еден од на јаеродинамичните автомобили во историјата, а меѓу другото ќе добие и мултифункционална активна суспензија.

Исто така, Michelin ќе направи специјални гуми за RB17.

Њуи тврди дека RB17 ќе може да постигне времиња по круг како Ф1 болид.

Red Bull планира да произведе вкупно 50 примероци на RB17, со најава дека промоцијата би можела да се одржи на Австриското ГП во 2025 година.

Првите примероци на производство се очекуваат во 2026 година, а проценките сугерираат дека хипер автомобилот ќе чини околу 5 милиони британски фунти.

Сепак, треба да се каже дека сопствениците нема да можат да го возат на јавни патишта, бидејќи се работи за хипер автомобил само за патека.





НАЈНОВИ