Италија планира рекордно високи субвенции за електричните автомобили

Нешто големо се случува во Италија, се чини дека државата планира да воведе рекордни субвенции за електрични автомобили на оној дел од населението на кој им се најпотребни…

Bloomberg пишува дека италијанската влада планира програма за субвенционирање на купување електрични автомобили во вредност од 930 милиони евра.

Граѓаните со годишен приход помал од 30.000 евра треба да добијат финансиска стимулација до 13.750 евра доколку го заменат старо возило со стандард Еуро 2 за електричен автомобил. Ваквиот начин на субвенционирање е вистинската мерка бидејќи доста често, во други земји, се поттикнуваат и клиентите кои купуваат електрични автомобили поскапи од 100.000 евра. Како што сите претпоставуваме, станува збор за богати возачи, на кои не им требаат стимулации, но со задоволство ги користат, кога веќе им се достапни. Италијанската програма за финансирање би имала и социјална компонента, пренесуваат специјализираните портали.

Италија има еден од најстарите возни паркови во Европа, а на патиштата има околу единаесет милиони автомобили со стандард Еуро 3 или понизок. Планот на Владата е да го обнови возниот парк и да ги поддржи семејствата со ниски приходи, односно да го промовира купувањето електрични автомобили од домашно производство.





НАЈНОВИ