Изменет Volkswagen up! што може да го возат и 16-годишници

Во Германија можете да возите и на 16 години ако добиете возачка дозвола А1. ..

Сепак, можеби нема да возите обичен автомобил. Затоа, овој мал автомобил е прилагоден за оние кои сакаат да возат што е можно поскоро.

Се вика Geparda и, како што можете да видите, создаден е врз основа на Volkswagen up!

Идејата е да се измени автомобилот и да се добие лиценцата L5e, која им овозможува на возачите на 16 години да ја возат оваа креација на тркала.

Во основа, ова не е вистински производ на три тркала бидејќи задната оска има две тркала, едно до друго, пишува специјализираниот портоал Motor1.com.

Компанијата што стои зад производството на Geparda тврди дека ја модифицирала шасијата за да ја подобри стабилноста на автомобилот по инсталирањето на новата задна оска.

Изменетиот Up! може да се смета за ривал на моделите како што се на пример:  Citroën Ami, Fiat Topolino и Opel Rocks бидејќи тие возила можат да ги возат и 16-годишници.

Според спpeцијализираните портали возилото Geparda користи 1.0-литарски мотор со моќ од само 20 КС, погон на предните тркала и пет (5) степен мануелен менувач.

Може да достигне  максимална брзина од 100 km/h, што и не е мала брзина, особено кога возилото е во рацете на почетник и што исто така и неме некои спектакуларни возни карактеристики.

Со седиште во Бад Хомбург, Geparda веќе ги испорача првите возила и за нив наплатува околу 20.000 евра.

Не е малку, но ако младите возачи ( поточни нивните родители) имаат одвишок пари а нивните наследница сакаат што побрзо да излезете на пат, има решение на пазарот во Германија.

 





НАЈНОВИ