Лидерот на Руската Чеченска Република Рамзан Кадиров објави дека директорот и сопственик на компанијата Теslа, Илон Маск, му подарил електричен пикап Cybertrak и дека е задоволен од автомобилот по тест возење…
„Добив Cybertruck на Теslа Motors, од почитуваниот Илон Маск (Elon Musc).
Со задоволство ја тестирав новата опрема и лично видов дека не случајно се нарекува сајбер ѕвер (Cyber Beast)“, напиша Кадиров на каналот Телеграм (Telegram).
Тој додаде дека возилото ќе биде преместено во рускиот североисточен воен округ, каде што верува дека Tesla Cybertruck ќе биде многу баран поради неговите карактеристики, ја пренесува информацијата руската новинска агенција – РИА Новости.
Во контекст на сето тоа може да се наведе и информацијата дека Кадиров го поканил Маск да ја посети чеченската престолнина Грозни.