Како некогаш популарните „Сто-кец“ и „ Илјада и триста“ завршија во цртан филм?

Едукативен ( за сообраќајната култура) анимиран фил за најмладите генерации, направен во соседството, а интересно во оваа приказна е фактот дека за главни ликови се избрани два популарни модели од минатото во регионот, а со тоа и кај нас…

Zastava 101 е автомобил кој одбележа едно време во регионот (секако и кај нас), а деновиве овој олдтајмер „стасаа“ и на цртан филм.  Еден креативен уметник од Зрењанин (соседна Србија) главните улоги во неговиот цртан филм ги наменил за „сто – кец“ (стоеден а познат и како „стојадин“ – сто јадови“) и на други автомобили создадени во „Zastava“ од Крагуевац.

Ова е Старленд (Starland). Измислениот град Дарко Марчета од селото Клек кај Зрењанин. Во градот се снима цртан филм со теми од сообраќајната култура. Главните актери се познати домашни автомобили. Заедно со Zastava 101 , се појавуваат и други ѕвезди на домашните патишта, пренесува тамоѓниот државен информативен сервис – РТС.

“Сто – јадови е наш производ. Генерално, тој е наш болид и е најзастапен. Zastava 1300 ( „Тристаќ“) е исто така роден многу порано и затоа „Триле“ има повисок ранг, бидејќи е постар. Но тие двајца се главниот тим таму и имаат помошник Југ (Yugo). и Фиќкo ( Zastava 750) која е детектив, тоа е женски лик“, објаснува Дарко Марчета, авторот на цртаниот филм.

Вистинските љубители на возилата Заставин, меѓу кои предничат Крагуевци, не се изненадени што нивните миленици повторно се актуелни.

„Мислам дека поради тоа што ги има сè помалку, нивната популарност расте. Љубовта кон 101 е затоа што тоа беше првиот автомобил што го поседував и го возев“, вели Марко Станојевиќ, од Крагуевац.

Досега се подготвени две епизоди од цртаниот филм „Моја патрола“.

„Идејата за локални ликови, автомобилите на Zastava секако е идеја која ќе се примени на домашниот ( тамошен н.з.) пазар. Можеби пазарот на стара поранешна Југославија (СФР Југославија). Но, ако го видиме потенцијалот и ако публиката ја прифати оваа анимирана серија како адекватна за едукација. , секогаш можеме да ги вметнеме Lamborghini и Ferrari во приказната“, нагласува Мирко Максимовиќ, соработник во цртаниот филм.

„Дека децата се воспитуваат во две работи. Во епизодата сообраќајот треба да биде првенствено, второто нешто што го поминуваме низ ситуациите. Тоа значи две работи за децата да не се преоптоваруваат со информации“, додава Дарко.

Идејата на Столе и неговите пријатели се роди пред три години, а по повод одбележувањето 50 години од симнувањето од производната лента на првиот „сто -јадови“ од стрипот.

Оттогаш, бројот на модели за цртани филмови постојано се зголемува и денес тие зафаќаат повеќе од десет квадратни метри простор.





НАЈНОВИ