Кандидатот за возач мамел на испит и завршил во болница

Ги стави слушалките премногу длабоко во ушини школки…

Кандидат за возач кој мамел на тест со безжични слушалки завршил во болница, каде лекар морал да интервенира за да го извади апаратот од неговиот ушен канал, соопшти италијанската полиција.

За време на тестот одржан во северната провинција Комо во близина на Милано, испитувачот бил заинтригиран од сомнителното однесување на кандидатот. Мажот на 25 години бил нервозен, ја местел јакната со рацете, а брзо било откриено дека е опремен со слушалки и камера поврзана на мобилен телефон, скриени во јакната.

Уредот му овозможил да биде во контакт со соучесник кој, користејќи камера и пренос во живо, можел да го види формуларот за прашања и да му ги даде точните одговори.

Полицијата, која била повикана од испитувачот, по пристигнувањето ја открила технологијата што кандидатот ја користел за мамење на испитот, а потоа го однела во болница. Имено, младиот човек толку длабоко ги пикнал слушалките во ушите што не можел да ги извади.

Опремата му била одземена, а го чека казна. Како што претпоставувате, тој повторно ќе полага.





НАЈНОВИ