Колбасите на Volkswagen ги уриваат сите рекорди

Веројатно знаете за приказната за колбасите на Volkswagen: познатата германска компанија традиционално, со децении, произведува колбаси кои ги продава во своите мензи како познатиот германски специјалитет Currywurst.

Тој производ е толку популарен и типичен за VW што доби и свој сервисен број, исто како да е вистински резервен дел од автомобилот.

VW Currywurst произведен во фабриката на Volkswagen е познат надвор од фабриката и се нуди во многу супермаркети во Долна Саксонија, пренесуваат новинските агенции.

Дебатата на VWCurrywurst доби особено внимание кога беше отстранета од мензата на локацијата Волфсбург во 2021 година. Оваа одлука, меѓу другите, на сцена го донесе и поранешниот канцелар Герхард Шредер, кој јавно проговори за тоа и со тоа започна широка дискусија за конзумирањето месо во компаниите.

Епилогот беше почеток на производството на вегетаријански колбаси, но оваа промена не беше добро прифатена од работниците. Сепак, и таа верзија има своја публика.

Во август 2023 година, Currywurst продолжи да се продава во гореспоменатата „погодена“ кантина, но фактот што го немаше две години не влијаеше премногу на неговата популарност. Впрочем, колбасот секогаш беше достапен во останатите 30 мензи и киосци на фабриката.

Според информациите од работниот совет на VW, продажбата на специјалитетот за колбаси достигна нов врв во 2023 година. Вкупно се продадени 8,33 милиони примероци од Currywurst, што претставува зголемување за 400.000 во споредба со претходната година. Претставник на работниот совет ги потврди овие бројки.

Зголемувањето на продажбата се должи пред се на вегетаријанската варијанта воведена во 2021 година, која беше продадена речиси два милиони пати во 2023 година. За споредба, продадени се 6,4 милиони парчиња од традиционалната сорта на колбаси.





НАЈНОВИ