Kia Stinger добива електричен наследник

Некои извештаи од Јужна Кореја укажуваат дека Kia Stinger ќе добие индиректен наследник за неколку години, во форма на електричен модел EV8…

Станува збор за автомобил со кодно име GT1, кој ќе ја користи eM Hyundai-Kia EV платформата од следната генерација.

Производството треба да започне во 2026 година, наводно под името Kia EV8.

EV8 треба да користи батерија од 113,2 kWh, што ќе биде доволно за опсег од приближно 435 до 500 милји (околу 700 до 800 km).

Основната верзија ќе има еден електричен мотор со 215 КС и заден погон, додека врвната варијанта ќе има два мотори (вкупно 603 КС), со погон на четири тркала.





НАЈНОВИ