Ким Џонг Ун доби автомобил на подарок од Путин

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун доби автомобил на подарок од рускиот претседател Владимир Путин „за лична употреба“…

Според Reuters, двете земји се зближиле откако Ким и Путин се сретнале во септември минатата 2023 година и ветиле дека ќе работат на соработка во сите области, додека во исто време, се додаваат се повеќе и повеќе санкции, во меѓународната изолација против нив – против Русија поради војнат во Украина, а против Северна Кореја поради развојот на нуклеарно оружје.

Рускиот автомобил им бил доставен на помошниците на Ким пред неколку дена, поточно на18 февруари, објави северно корејската новинска агенција КCNА, а западните медиуми коментираа дека тоа е подарок за „Валентајн“ од Путин, за Ким.

Сестрата на Ким „љубезно и кажа на руската страна дека Ким Џонг Ун му се заблагодарува на Путин“, велејќи дека подарокот јасно покажува дека постојат посебни лични односи меѓу двајцата лидери (според КCNА).

Се верува дека Ким е голем љубител на автомобили и има колекција на луксузни автомобили кои биле про шверцувани во Северна Кореја.

Во септември, за време на посетата на руската вселенска станица на далечниот исток на Русија, Ким ја разгледа претседателската лимузина на Путин „Aurus Senat“.

Ким до местото на средбата се возел со лимузина Maybach, која била префрлена со специјален воз од Пјонгјанг.

Ким е видена и во неколку други луксузни автомобили, како што се Mercedes, Rolls Royce Phantom и Lexus.

Се чини дека изолацијата што против овие две земји ја спроведува западната демократија уште повеќе ги поврза, односно просто ги турна во прегратки и се поголема соработка и тоа на сите полиња





НАЈНОВИ