Кина инвестира 845 милиони долари во развој на ASSB батерии

Кина планира да инвестира околу шест милијарди кинески јуани (845 милиони американски долари) во развој на технологија за батерии од следната генерација за електрични возила (ЕV)…

Кинезите продолжуваат со силниот (агресибвен) настап наспроти тоа што  нејзината индустриска политика ја зголеми загриженоста за хипер продукцијата и стана клучна точка на незадоволство од страна на Соединетите Американски Држави и Европската унија.

Вкупно шест компании, вклучително и најголемиот светски производител на батерии CATL и големите производители на автомобили како што се BYD и Geely, се квалификуваа за владина поддршка во развојот на батерии со целосно цврста состојба (ASSB), пишува CNN, цитирајќи извори во кинеското издание. China Daily. Проектот ќе го водат релевантни владини министерства и комисии.

ASSB се нова технологија која ги подобрува традиционалните литиум-јонски батерии (LIB) со користење на цврст, спроводлив електролит наместо течен или гел материјал.

Тие се со помала веројатност да се запалат или да експлодираат во споредба со конвенционалните батерии и имаат поголема густина на енергија, што ги прави побезбедни и помоќни.

Сепак, овие моќни батерии во моментов не се широко достапни поради високите трошоци и тешкотиите во масовното производство.

Веста за планираната инвестиција на Пекинг доаѓа во деликатно време за трговските односи на Кина со Западот.

Претходно овој месец, американската администрација воведе големи, нови царини за кинески електрични возила, потоа напредните батерии и други производи.

Американските власти велат дека сакаат да ги заштитат американските работни места и бизниси од проблемите предизвикани од прекумерното производство на одредени производи во втората по големина економија во светот.

Европската комисија треба, наскоро, да ја објави својата одлука за кинеските тарифи за електрични возила на почетокот на следниот месец  оваа 2024 годнина (Јули), што може да предизвика проблеми за кинеските производители на електрични возила кои извезуваат стотици илјади автомобили во Европа секоја година.





НАЈНОВИ